ПО ДВЕ ДЕЦЕНИИ ДРАЧЕВО ДОБИ КИНО САЛА Ќе функционира во рамки на Домот на културата

Покрај Кисела Вода, сега и драчевчани ќе бидат дел од „Киноверзум“ и ќе имаат можност да уживаат во најновите филмски достигнувања и најголемите светски хитови, блиску до својот дом – објави градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски.

1

По две децении Драчево повторно доби кино сала, во Домот на културата во Драчево, со што драчевчани ќе добијат можност да уживаат во најновите филмски достигнувања и најголемите светски хитови, блиску до својот дом, објави градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски на својот профил на Фејсбук.

„Особено ми е драго што иницијативата што ја започнавме пред завршувањето на мојот мандат како градоначалник на Кисела Вода, денес прерасна во реалност. Овој проект беше визија за враќање на културниот живот таму каде што му е местото, меѓу мојот народ. Од денес, таа визија живее.






Киното ќе функционира во рамки на Домот на културата во Драчево, простор кој повторно ќе стане собиралиште на уметноста, емоцијата и заедничките доживувања. Покрај Кисела Вода, сега и драчевчани ќе бидат дел од „Киноверзум“ и ќе имаат можност да уживаат во најновите филмски достигнувања и најголемите светски хитови, блиску до својот дом. Филмското искуство повеќе нема да значи патување километри далеку, туку тука – дома.

Културата повторно пулсира во Драчево.Нека салата секогаш биде исполнета со насмевки, аплаузи и силни емоции“, пишува градоначалникот на ФБ.

Фото: ФБ

 

Поврзани содржини