По државниот карантин граѓаните уште 14 дена во самоизолација

Граѓаните кои доаѓаат од странство покрај државниот карантин од 14 дена, да останат во изолација дополнителни 14 дена кога ќе се вратат дома.

475

Препораките кои се од стручни луѓе од епидемиолозите е дека лицата кои доаѓаат од странство треба да останат во државен карантин 14 дена, меѓутоа треба дополнително да бидат во самоизолација во домашни услови уште 14 дена од едноставна причина – заради тоа што биле во колективни центри за државен карантин.

Ова е одговорот од премиерот Оливер Спасовски на новинарско прашање зошто е препораката за граѓаните кои доаѓаат од странство покрај државниот карантин од 14 дена, да останат во изолација дополнителни 14 дена кога ќе се вратат дома.






– Одлуката на Владата за државниот карантин е една од најисправните одлуки во справувањето заради тоа што на тој начин придонесуваме да се прекине ширењерто на вирусот и не ги ставаме во ризик ниту оние луѓе кои допатувале од ризични држави, ниту граѓаните што се наоѓаат во нашата земја. Затоа се определија центрите за државен карантин, појасни премиерот Спасовски.

Министерот за здравство Венко Филипче на прашањето дали е доведено во прашање функционирањето на Инфективното одделение во Штип, рече дека тамошниот случај потекнува од пациентка од која првиот брис е со негативен наод, а се позитивизира неколку дена потоа.

– Добро е што луѓето кои се во самоизолација досега немаат пројавено симптоми и целосно е надополнета работата на одделението во Штип прво со ротација на осум медицински сестри од останатите оддели и со докторка што доаѓа од болницата во Струмица, рече Филипче.

Поврзани содржини