ПО ДИВЈАЧКИОТ УПАД НА АКТИВИСТИТЕ НА ДУИ ВО КОНТРОЛА НА ЛЕТАЊЕ Демократскиот сојуз бара да се суспендираат партиските директори на М-НАВ

Со ваков криминал, нестручност и партизација на витални државни институции нема да стигнеме никаде, уште помалку во Европската унија. Со ДУИ и СДСМ, Македонија ја зафати не катастрофа, туку катаклизма - стои во реакцијата од Демократски сојуз.

1,016
По денешниот упад во Македонска навигација (М-НАВ) при што физички беа нападнати неколку вработени во Контрола на летање, Демократскиот сојуз од Владата бара да се суспендираат партиските директори на М-НАВ и на нивно место да се именуваат експерти за да се спречат можни катастрофални последици.





„После неколку мега афери во М-НАВ денеска се случи и упад во Контролата на летање и физички  напад на контролори на летање.
За да се спречат можни катастрофални последици, бараме Владата да одржи вонредна седница и да ги разреши актуелните партиски директори на М-НАВ и на нивно место да именува експерти од редот на вработените во М-НАВ.
Го повикуваме раководството на МВР да преземе најитни мерки против тие што упаднале во објект на М-НАВ, како и против тие што го организирале упадот и нападот на контролорите на летање.
Со ваков криминал, нестручност и партизација на витални државни институции нема да стигнеме никаде, уште помалку во Европската унија.
Со ДУИ и СДСМ, Македонија ја зафати не катастрофа, туку катаклизма“ – стои во реакцијата од Демократски сојуз.
Поврзани содржини