📽️ ПО БУРНИТЕ РАСКИНУВАЊА, ДВАЈЦАТА АКТЕРИ НАЈДОА УТЕХА ЕДЕН ВО ДРУГ Зои Кравиц и Остин Батлер се новата холивудска двојка

Зои се зближила со познатиот актер Остин Батлер, кој исто така неодамна ја прекина долгогодишната врска со манекенката Каја Гербер.

276

По раскинувањето на свршувачката со холивудскиот срцекршач Ченинг Тејтум, актерката Зои Кравиц наводно повторно е вљубена. Зои се зближила со познатиот актер Остин Батлер, кој исто така неодамна ја прекина долгогодишната врска со манекенката Каја Гербер.

Извор откри дека Зои и Остин поминуваат време заедно веќе неколку недели и дека добро се сложуваат.






„Нивната хемија е исто толку добра надвор од екранот како и на него. Остин и Зои ја држат својата врска под радар и сè уште не ставиле никаква етикета. И двајцата имаат почит кон своите поранешни партнери“, изјавил извор за странските медиуми, пренесува „Дејли мејл“.

Батлер и Кравиц почнаа да снимаат филм заедно во септември 2024 година, а во него глумат двојка. Тие беа видени и при страсен бакнеж на снимањето, а сега се зближиле уште повеќе.

Остин раскина со манекенката на крајот на 2024 година, а Кравиц ја прекина свршувачката со Тејтум во октомври минатата година, по три години врска. Нивното раскинување шокираше многумина, со оглед на тоа што претходно не криеја колку се заљубени. Набргу по раскинувањето, Ченинг започна врска со австралискиот модел Инка Вилијамс, а Каја Гербер почнаа да ја поврзуваат со Луис Пулман.

Извори претходно изјавија за „Ју-ес Викли“ дека манекенката намерно ја чува својата нова врска во тајност.

„Каја и Луис всушност беа заедно веќе извесно време. Почнаа да се забавуваат во декември 2024 година. Тоа го чуваа во тајност додека не излезе веста за нејзиното раскинување со Остин – рекол изворот.

Иако се обидуваат да го скријат тоа за време на нивните средби, изворите тврдат дека не се двоумат да се бакнуваат јавно или да се држат за рака. Гербер и Пулман наводно се познаваат подолго време, а и двајцата имаат познати родители. Каја е ќерка на познатата манекенка Синди Крафорд, а Луис е син на актерот Бил Пулман и танчарката Тамара Хурвиц.

Батлер и Гербер ја започнаа својата врска пред неколку години, а првите гласини дека се заедно се појавија во 2021. Својата врска официјално ја потврдија на Денот на вљубените 2022 година, а истата година за првпат се појавија заедно на црвениот тепих. Во јануари беше потврдено дека раскинале.

Поврзани содржини