Компанијата „Специјал“ три вторника по ред почнувајќи од денеска ќе обезбедува појадок за целиот персонал, односно околу 170 лица кои работат во Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје.
– Не постојат зборови кои можат да се употребат за да се долови досегашната, но и идна пожртвуваност на целиот персонал на Универзитетска клиника за инфективни болести, во поглед на нивната стручност и делување, но и можноста за изложување на вирусот на своите најблиски. Во таа насока „Специјал“, како општествено одговорна компанија која секогаш се грижи за општеството, како поддршка и солидарност три вторника по ред, почнувајќи од денеска, ќе обезбедува појадок за целиот персонал на клиниката. Чекор со кој сакаме да подадеме рака на сите борци кои во овие моменти ни се најпотребни – изјавија од менаџментот на компанијата.
Брендот „Специјал“ од моментот на воведување на мерките за претпазливост препорачани од Министерството за здравство, направи комплетна реорганизација на продажните места со максимална заштита на своите муштерии со што го постави шалтерскиот систем. Дополнително сите вработени детално ги почитуваат препораките со носење на заштитни маски и ракавици.
Од „Специјал“ препорачуваат сите да ги почитуваме мерките за претпазливост и заштита бидејќи за сите нас се работи. Сега, како никогаш досега, колективната одговорност е најважна.
– Како општество мораме да се грижиме едни за други, а како компании можеме да ја покажеме нашата грижа и хуманост со обезбедување на производи кои ќе го олеснат делувањето на докторите и медицинскиот персонал кој се грижи за здравјето на заразените лица. Секоја компанија ја знае својата можност со што може да делува и да помогне во овие тешки моменти за нас и за нашето општество – додадоа од компанијата.