Дуа Липа која неодамна предизвика скандал кога на социјалната мрежа Инстаграм постави карта на Голема Албанија, не се смирува.
Пејачката прво во емисијата „First We Feast“ рече дека ајварот и босанскиот суџук се традиционални албански јадења, што предизвика голема бура на социјалните мрежи.
Меѓутоа, новинарите не спиеле, па пронашле видеа и интервјуа во кои пејачката во април годинава зборува за храна која ја присвоила како дел од албанската традиција.
Имено, Дуа Липа во април гостувала во емисијата „Table Manners“, која ја водат британската пејачка Џеси Вер и нејзината мајка Хелен. Темата на емисијата е храна, па Дуа, по приказните за своето детство, зборувала и за храната што ја приготвува и што ја јадела во детството.
– Мојата мајка секогаш приготвува традиционални јадења како што е питата. Тоа е јадење со спанаќ, сирење и кори. Многу е вкусно и секогаш ми недостасува кога сум на турнеја. Приготвува и сарма, тоа е месо, ориз и зелка – рекла пејачката.
Дуа додала дека го сака и бурекот.
– Постојат многу сличности кога станува збор за балканската кујна. Обожавам и бурек – изјавила Дуа Липа.