ПО 9 ДЕНА ИЗВАДЕНИ ЖИВИ ОД УРНАТИНИТЕ Спасени уште двајца во местото на епицентарот на земјотресот

Според последните податоци, во земјотресите во Туркије и во Сирија загинаа повеќе од  37.000 луѓе.

67

Две лица се спасени денеска, деветти ден од земјотресите во Туркије, откако поминале 198 часа под урнатините, јави турската приватна телевизија Си-Ен-Ен-Турк.

Двете лица беа извлечени од урнатините во областа Кахраманмараш, која беше епицентарот на разорните земјотреси со јачина од 7,7 и од 7,6 степени по Рихтер на 6 февруари.






Еден од спасените е 17-годишно момче. Телевизијата Си-Ен-Ен-Турк прикажа снимка на која спасувачите носат две лица на носилки до амбулантни возила.

Според последните податоци, во земјотресите во Туркије и во Сирија загинаа повеќе од  37.000 луѓе.

Поврзани содржини