„ПО 7 ГОДИНИ ВЛАСТ НА СДСМ И НА ДУИ СЕГА СМЕ ПОДАЛЕКУ ОД ЕУ“ Предлагаме одложени уставни измени, вели Стефановски
Со владеењето на СДСМ и на ДУИ изминативе 7 години сме подалеку од ЕУ, отколку што сме биле претходно, рече дополнителниот заменик министер за информатичко општество и администрација Стефан Андоновски во синоќешното гостување на „Топ тема“ на Телма ТВ.
– Во нивната програма на страница 13 се вели дека во 2024 година, ќе отворат 80% од поглавјата за интеграција во ЕУ. Од европските фондови ќе обезбедат 2,5 милијарди евра за справување со корона кризата и македонската економија. Ќе обезбедат европски пари за Преспа. Ќе отворат 6 нови гранични премини со соседите, со цел подобра комуникација на пограничните места. Или пак на страна 259, дека ќе направат реформа во правосудстсвото, реформи во јавната администрација, безбедносни служби и други. Затоа тие сега можат да ветуваат сѐ. Затоа што лажеа дека отпочнале преговори со ЕУ, бидејќи во програмата им пишува дека почнале преговори, а гледаме дека не се. Исто така лажеа дека барањето било внесување на Бугарите во уставот, иако тоа не им беше ветено во програмата. Во ниеден момент не говоревте дека ќе го отворите Уставот за внесување на Бугарите, за отпочнување на преговорите, пред изборите – нагласи Андоновски, во контекст дека СДСМ нема воопшто никаква реализација на ветувањата.
Дополнителниот заменик министер потенцираше дека нивниот директор, зборувал за вмешување на нивниот национален координатор за Еразмус+ програмата, каде што сега државата треба да враќа пари, кои ги нема бидејќи нивните луѓе ги имаат потрошено, а не се гледа каде. Андоновски праша дали ќе има одговорност за Димова, Заев и за Нола Старова, кои биле вклучени во овој процес.
Андоновски вели дека СДСМ единствено се занимава со лажни вести.
– Прва лажна вест е дека сте можеле да знаете коментари од средбата на Мицкоски и Петков. Втора лажна вест е пресовите кои што ги имаа за фотографијата на Силјановска со Ковачев и третата е дека барале тимови на ВМРО-ДПМНЕ да бидат вклучени во разговорите. Тие менуваат ставови за 48 часа, од едно „не“ за францускиот предлог, добивме „да“, од тогашниот премиер Зоран Заев и претседателот на државата Стево Пендаровски – додаде тој.
Андоновски појасни дека ВМРО-ДПМНЕ има конзистентни ставови по ова прашање кои и ден денес не се менуваат.
– Предлагаме одложени уставни измени, што ќе значат дека сме го заштитиле процесот на преговарање. Со тоа ќе се заштитиме од Бугарија да нема други барања при процесот на пристапување кон ЕУ. Ќе бараме гаранции од ЕУ и од останатите држави, гаранции за признавање на нашиот јазик и идентитет, економско-социјален пакет кои што ќе значат видливи напредок за граѓаните и Бугарија да ги примени дел од пресудите на судот во Стразбур – рече Андоновски и напомена дека ова се позициите на ВМРО-ДПМНЕ од потпишувањето на францускиот предлог.
Андоновски го коментираше и планот на ВМРО-ДПМНЕ за реформа на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители.
– Нашиот став за распуштање на судскиот совет и советот на јавни обвинители произлегува од фактот дека една од предводниците на судскиот совет доаѓа од правните комисии на СДСМ. Начинот на избор на судии и обвинители го прават тие, како што беше Кацарска, кои што го судеа Заев, на начин кој што ги криеја папките во фиока. Да немаме нов Јовевски, затоа бараме нови критериуми за бирање на членови на судскиот совет, да не бидат партизирани – потенцираше Андоновски.