ПО 61 ГОДИНА УЧИЛИШТЕТО ВО ЦРЕШЕВО ЌЕ ДОБИЕ СПОРТСКА САЛА Објектот ќе биде готов во втората половина на 2026 година

Парите за овој објект во висина од 34 милиони денари се обезбедени преку владиниот повик за распределба на средства по општини за инфраструктурни проекти.

45

По 61 година основното училиште „Наум Охридски“ во Црешево ќе добие училишна сала согласно сите европски стандарди. Во ова училиште учат деца од Црешево, Виниче и од Смилковци.

– Парите за овој објект во висина од 34 милиони денари се обезбедени преку владиниот повик за распределба на средства по општини за инфраструктурни проекти. Спортската сала се очекува да биде завршена во втората половина на 2026 година – рече градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски.






– Инвестицијата во спортската сала е токму резултат на добрата соработка помеѓу Владата и општината. Објектот ќе овозможи квалитетна реализација на наставата по физичко образование, но и ќе поттикне поголема физичка активност и спортување на децата по завршувањето на часовите – рече министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска.

Министерката нагласи дека инвестициите во образованието ќе продолжат. Со зголемен буџет за овој ресор, во текот на мандатот Владата ќе изгради уште 30 училишни спортски сали, а ќе се реконструираат 15 постоечки во различни општини.

Во изминатите 16 месеци Владата вложила 67 милиони евра – 32 преку Министерството за образование и наука и 35 преку повикот на Владата за распределба на средства кон општините за образовни проекти.

 

Поврзани содржини