📷 ПО 6 ГОДИНИ ЗАСТОЈ СЕ ПОРИБУВА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО Со најмалку 400.000 пастрмки ќе се обновува рибниот фонд

Министерот истакна дека Хидробиолошкиот завод – Охрид го информирал дека иако договорениот минимум бил 400.000 единки, сепак се одгледани 620.000 единки со кои ќе биде порибено Охридското езеро во наредниот период.

46

Со најмалку 400.000 единки охридска пастрмка и 200.000 други риби е договорено да биде порибено Охридското езеро, информираше министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски појаснувајќи дека имало застој во последните 6 години.

– Ова е показател дека по 6 години застој продолжуваме со порибување на она што претставува наше најголемо богатство, а тоа е охридската пастрмка. Имаме зголемување на средствата во однос на Програмата за рибарство и аквакултура. Договорите за идната година склучени со Хидробиолошкиот завод – Охрид се од 3,3 милиони денари, додека со Институтот за сточарство и рибарство изнесуваат 1,7 милиони денари. Вкупниот број на риби кои што треба да бидат одгледани од страна на Хидробиолошкиот завод – Охрид се околу 1,1 милион единки со просечна тежина од 3 грама. Додека Институтот за сточарство и рибарство има обврска да одгледа околу 570.000 единки – изјави министерот при посета на Заводот.






Министерот истакна дека Заводот го информирал дека иако минимумот бил 400.000 единки, сепак се одгледани 620.000 единки со кои ќе биде порибено Охридското езеро во наредниот период.

Од Институтот за сточарство и рибарство информираа од минимум 200.000 единки одгледани се околу 350.000 единки на охридска пастрмка.

Трипуновски посочи дека идната година Охридското езеро ќе се пориби со над 1,6 милиони единки.

– „Како Министрство работиме да го одржуваме рибниот фонд – заклучи министерот.

Поврзани содржини