ПО 50 ГОДИНИ И ТИЕ ЌЕ ЖИВЕАТ ЦИВИЛИЗИРАНО Жителите од Ново Маало го поздравија стартот на градбата на „Гранд“

Жителите на Ново Маало велат дека најостро ќе реагираат и ќе поднесат тужби до институциите за претрпена штета ако дојде до какви било обиди за повторни опструкции од кои било поединци, институции или организации за стопирање на проектот.

1,265

Жителите од Ново Маало го поздравија денешното почнување на градба на станбено-деловниот комплекс „Гранд Скопје“, на градежната парцела 1.1 спроти „Холидеј Ин“.

– Среќни сме што се гледа почетокот на крајот на нашиот повеќедецениски проблем и што конечно и ние ќе добиеме достојни услови за живот, како што доликува на едно централно градско подрачје. Повеќе од 50 години живеевме во услови како од 19-тиот век, без фекална и атмосферска канализација, со септички јами, нерешено греење и без основни услови за движење низ улиците, притоа и без никаква можност самите да го решиме овој проблем и самостојно да пристапиме кон легална реконструкција на нашите домови – велат жителите.






На овој простор нема никакво зеленило, ниту инфраструктура, единствено кал, распукан бетон и депонија за отпад.

– Потсетуваме дека доколку дојде до какви било обиди за повторни опструкции од кои било поединци, институции или организации за стопирање на проектот, најостро ќе реагираме и подготвени сме да ги преземеме сите правни механизми и ќе поднесеме тужби до институциите за претрпена штета – најавија жителите на Ново Маало.

Тие веруваат дека инвеститорот ќе го заврши овој објект во предвидениот рок и согласно претходно презентираниот проект, кој ветува урбано домување со многу зеленило, уреден јавен простор, и што е најважно, достојни домови за живот.

Поврзани содржини