ПО 5 ЛЕНТИ ОТВОРЕНИ ЗА ВЛЕЗ И ЗА ИЗЛЕЗ Сите сакаат на море, полицијата едвај се справува на „Богородица“

Метеж на Богородица, полицијата активираше пет ленти за влез и излез, се вклучи сè што има за да се скрати чекањето на границата.

1,700

На Граничниот премин Богородица – Евзони кон Грција денеска се регистрира зголемена фреквенција на патници и возила, информира Министерството за внатрешни работи.

Како што соопшти МВР, отворени се вкупно пет ленти за излез од Македонија и пет за влез, а во функција се ставени сите човечки и технички капацитети на полицијата со цел забрзување на протокот, без да се нарушат граничните проверки кои се задолжителни.






„Ги известуваме граѓаните дека се преземаат сите потребни мерки за да се овозможи побрзо и поефикасно минување преку границата, при тоа запазувајќи ги безбедносните процедури“, информираат од МВР.

Најавите се дека метежот може да продолжи и во текот на следните денови, поради зголемениот број патници кои патуваат на одмор во Грција.

Поврзани содржини