По 5 години врска: Гвен Стефани се сврши ФОТО

944

По пет години врска, Гвен Стефани и Блејк Шелтон се свршија.

Шелтон ја запроси пејачката вчера, а таа на својот инстаграм-профил веднаш објави фотографија со прстен на раката.






„Да, те молам“, напиша таа покрај фотографијата.

Додека Блејк ја објави истата фотографија на својот профил на Твитер.

Двојката се запозна на снимањето на популарниот натпревар „Гласот“ во 2014 година, а веќе следната година започнаа да се забавуваат.

Гвен еднаш во една емисија на Елен Деџенерис призна дека сè додека не се запознале, таа дури и не знаела кој е Шелтон.

Претходно, пејачката беше во брак со музичарот Гевин Росдејл и нивниот развод официјално се случи во 2016 година.

Од друга страна, Шелдон беше во брак двапати.

Двајцата се разведоа од своите партнери во исто време.

 

 

 

View this post on Instagram

 

@blakeshelton yes please! 💍🙏🏻 gx

A post shared by Gwen Stefani (@gwenstefani) on

Поврзани содржини