Американската кантри-пејачка Доли Партон, по 43 години, повторно го облече „Плејбој“ костимот на тн. „зајачица“. Имаше и посебен повод за тоа.
Доли сакаше роденденот на нејзиниот сопруг да го направи посебен, па облече ист костим како во 1978 година, кога позираше за познатото „машко списание“.
– Се сеќавате кога пред извесно време реков дека ќе позирам за списанието „Плејбој“ кога ќе имам 75 години? Е па, јас имам 75 години, но списанието го нема, но мојот сопруг секогаш ја сакаше таа оригинална насловна на „Плејбој“, па затоа се обидов да смислам нешто за да го направам среќен. Тој сè уште мисли дека сум „згодна девојка“ и по 57 години – и нема да се обидам да му го оспорувам тоа!… Мислите дека „Плејбој“ треба да ми плати барем за оваа фотосесија? Да! – вели легендарнта пејачка во видеото.
Минатата година, Доли во шоуто на Скот Милс и Крис Старк на „Би-би-си радио 5“ навести дека сака повторно да позира за „Плејбој“ во чест на нејзиниот 75-ти роденден.
– Значи, да, можно е. Да, разговаравме за тоа – рече Доли.
It’s always #HotGirlSummer for my husband, Carl 💝 Happy birthday my love! pic.twitter.com/utz7Atpk3F
— Dolly Parton (@DollyParton) July 20, 2021