По 42 дена повторно заболен со ковид-19 во Црна Гора
Во изјавата се наведува дека ова е „увезен случај“, дека лицето престојувало во Босна и Херцеговина во минатата недела и дека тој останал во самоизолација од превентивни причини и на свое инсистирање.
Во Црна Гора е регистрирано едно лице заболено од ковид-19, а станува збор за „увезен случај“ и лице кое е во изолација, објави Институтот за јавно здравје на Црна Гора (ИЗJЗЦГ).
Црна Гора прогласи крај на епидемијата на коронавирусот на 2 јуни, откако во претходните 28 дена немаа регистрирани случаи на ковид-19.
Во изјавата се наведува дека ова е „увезен случај“, дека лицето престојувало во Босна и Херцеговина во минатата недела и дека тој останал во самоизолација од превентивни причини и на свое инсистирање.
Се додава дека епидемиолошкото истражување е во тек и дека првите податоци укажуваат дека бројот на контакти на новото заразено лице бил „минимален“.
– Лабораториите на Институтот за јавно здравје извршија 128 анализи за новиот коронавирус во текот на викендот – наведуваат од ИЗJЗЦГ.