ПО 4 ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА КРЕАТОРИТЕ НА „ЈАВНА СОБА“ Објавиле видео со полови дејствија со дете

Костовски и Паневски се гонеа бидејќи дозволиле да биде достапно видео на кое се прикажани полови дејствија со дете.

382

По четири години затвор добија креаторите на групата „Јавна соба“ на Телеграм, Дарко Костовски и Михаил Паневски, а пресудата ја донесе судијката Билјана Коцевска.

Костовски и Паневски се гонеа бидејќи дозволиле да биде достапно видео на кое се прикажани полови дејствија со дете. Двајцата одговараа за кривично дело производство и дистрибуција на детска порнографија.






– Обвинетите се огласуваат за виновни бидејќи првообвинетиот ја основал групата „Јавна соба“ на Телеграм, а второобвинетиот како модератор. Иако морале да внимаваат што се прикачува во групата, дозволиле да се направи достапно видео со порнографски елементи со дете – рече судијката.

Двајцата беа и во притвор поради опасност од бегство.

Поврзани содржини