По 34 години Реал Сосиедад го освои Шпанскиот куп

264

Фудбалерите на Реал Сосиедад се победници на Шпанскиот куп за сезоната 2019/20, откако во финалето одиграно речиси една година подоцна од првично закажаниот термин го совладаа Атлетик Билбао со 1:0 (0:0).

Единствениот погодок во финалната пресметка меѓу двете баскиски екипи на стадионот во Севиља го постигна Микел Оварзабал од пенал во 63 минута.






За Реал Сосиедад ова е трет куп трофеј, по двете титули во далечната 1909 и во 1987 година.

Атлетик Билбао остана на 23 титули во купот, а за клубот ова беше петти последователен пораз во финалните натпревари во ова натпреварување.

Нова шанса да го освојат куп трофејот фудбалерите на Атлетик ќе имаат за две недели кога го играат финалниот натпревар за сезоната 2020/21. Противник ќе им биде Барселона, екипата од која беа поразени во 2009, 2012 и 2015 година.

Поврзани содржини