ПО 30 ГОДИНИ УЛИЦАТА ПЕРО НАКОВ ЌЕ ДОБИЕ НОВ ЛИК Интензивна работа со 3 гребалки, 30 камиони и неколку багери

Реконструкцијата опфаќа изградба на нови тротоари од двете страни на улицата, доизградба на атмосферската канализација, целосна замена на асфалтните слоеви на површина од 11.050 метри квадратни, поставување современо улично осветлување и подземно поставување на операторските мрежи.

282

По речиси три децении запоставеност, значајната сообраќајна артерија Перо Наков, на потегот од булеварот Киро Глигоров до улицата Вера Радосавлевиќ, конечно добива третман каков што заслужува, објави синоќа градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски на Фејсбук.

– Се работи и навечер, за наше Скопје! Додека градот мирува, машините не запираат. Вечерва интензивно се работи на улицата Перо Наков во општина Гази Баба. За првпат од постоењето на градот со три гребалки истовремено на терен, придружени од повеќе од 30 камиони и неколку багери. Ова е јасна порака дека кога се работи за Скопје, нема пауза и нема одлагање – истакна Ѓорѓиевски.






Тој нагласи дека завршува времето во кое делницата, што секојдневно ја користат илјадници жители ќе биде во катастрофална состојба и ќе претставува сериозен предизвик за безбедно и нормално одвивање на сообраќајот.

– За Гази Баба започнува нова ера на уредна општина, безбедност и достоинствено секојдневие. Реконструкцијата е темелна и сеопфатна и опфаќа изградба на нови тротоари од двете страни на улицата, доизградба на атмосферската канализација, целосна замена на асфалтните слоеви на површина од 11.050 метри квадратни, поставување современо улично осветлување и подземно поставување на операторските мрежи – нагласи градоначалникот.

Просторот ќе добие џебови за паркирање и уредени позиции за контејнери.

– Со овие зафати, целосно се менува ликот на овој дел од населбата и се создава современ, функционален и безбеден урбан простор, по мерка на граѓаните. Продолжуваме со силно темпо и со целосна посветеност, затоа што секој реализиран проект е чекор поблиску до подобар, поуреден и посовремен град. Скопјани заслужуваат улици по кои ќе се движат со сигурност, со гордост и со чувство дека градот навистина се грижи за нив – истакна Ѓорѓиевски.

 

Поврзани содржини