ПО 30 ГОДИНИ Припадници на армијата може да ги откупат становите уште од времето на ЈНА
Министерството за одбрана упати повик до сите корисници на вакви станови да поднесат барање до Комисијата најдоцна до 15 јануари следната година.
Со донесувањето на Законот за продажба на станови од поранешниот фонд на ЈНА и оформувањето на Комисијата во Министерството за транспорт и врски, исполнети се условите за семејствата на припадниците на Армијата кои живеат во станови од фондот на поранешната ЈНА, после три децении неизвесност, конечно да ги откупат овие станови и да бидат „свои на своето“, информира министерството за одбрана.
Од министерството велат дека како и останатите припадници на Армијата кои добиваат станбен надоместок од над 8.000 денари месечно, сега и лицата кои користат ваков тип на станови ќе бидат обезбедени и сигурни. Министерството упати повик до сите корисници на вакви станови да поднесат барање до Комисијата најдоцна до 15 јануари следната година.