📽️ 📷 ПО 3 ЧАСА ЗАВРШИ СРЕДБАТА МЕЃУ ПУТИН И ТРАМП Историски разговори за Украина, НАТО и иднината на светот

По повеќечасовна средба, Путин и Трамп најавија дека постигнале напредок, но мировен договор за Украина сè уште не е на повидок.

783

Владимир Путин и Доналд Трамп, по околу три часа разговори, најавија прес-конференција. Аналитичарите оценија дека таа е закажана порано од очекуваното, што ги наведе на претпоставка дека веројатно нема да се слушне нешто што би можело да го стави крајот на војната во Украина.

Прв се обрати рускиот претседател Владимир Путин.






Тој изјави дека разговорите биле конструктивни и се осврна на историјата на односите меѓу Русија и САД, особено во врска со Алјаска, која некогаш била дел од Русија.

– Сосема е логично да се сретнеме овде, бидејќи нашите земји, иако разделени со океани, всушност се блиски соседи. Кога се сретнавме и излеговме од авионот, му реков: „Добар ден, драги соседе, многу ми е драго што ве гледам живи и во добро здравје“. Не разделува само Беринговиот Теснец, а меѓу руското и американското острово има едвај четири километри – изјави Путин.

Фото EPA/GAVRIIL GRIGOROV

Тој додаде дека оваа средба одамна требало да се случи.

Путин истакна дека, колку и да звучи чудно, Русија ја смета Украина за братска земја и сака крај на војната.

– Истовремено, уверени сме дека, за решението да биде трајно и долгорочно, мора да се елиминираат сите основни корени и причини за овој конфликт. Ова повеќепати го имаме нагласено – да се земат предвид сите легитимни грижи на Русија и да се воспостави праведна рамнотежа на безбедноста во Европа и во светот во целина – рече тој.

Путин се осврна и на економијата, истакнувајќи дека Русија и САД можат многу да понудат една на друга и дека е време да се отвори ново поглавје во соработката.

Тој се заблагодари на Трамп и потсети дека во 2022 година го предупредил својот поранешен американски колега дека ситуацијата не смее да се доведе до точка на вриење.

– Тоа ќе беше грешка. Денес, претседателот Трамп ми рече дека, доколку тој бил претседател на САД, војна немало да има. Претседателот Трамп и јас имавме деловна средба – рече Путин.

Фото: EPA/SERGEY BOBYLEV

Трамп: Нема договор, сè додека не постои вистински договор

Доналд Трамп му се заблагодари на Путин и истакна дека денес постигнале „одличен напредок“.

– Ќе го повикам НАТО за кратко време, ќе контактирам со различни луѓе кои ги сметам за соодветни, и секако, ќе го повикам претседателот Зеленски за да му го пренесам исходот од денешната средба. На крајот, тоа зависи од нив. Ќе треба да се договорат со она што Марко (Рубио) и Стив (Виткоф), како и некои од одличните луѓе од администрацијата на Трамп кои се тука – Скот (Бесент) и Џон Ретклиф – работат. Имаме навистина одлични лидери кои прават феноменална работа. Исто така, овде има извонредни руски бизнис-претставници. Сите сакаат да соработуваат со нас. За многу кратко време станавме најпопуларна земја во светот. Се радуваме на тоа. Се радуваме на преговорите. Ќе се обидеме ова да го завршиме. Денес постигнавме голем напредок – изјави Трамп.

Тој додаде дека „руската измама“ – алудирајќи на обвиненијата дека Русија влијаела врз неговиот избор во претходниот мандат – ги нарушила односите меѓу двете земји и личните врски меѓу него и Путин.

Поврзани содржини