„ПО 2О ГОДИНИ ВО ШОУ БИЗНИСОТ СФАТИВ ДЕКА СУМ САКАН“ Зоки Фаци благодари за сите пораки со поддршка
Битката за неговото здравје започнала пред околу три години. Зад себе има две операции и повеќе хемотерапии. Сѐ почнало од израсток на ногата, за кој се испоставило дека е агресивен вид канцер, за сега да се бори и со канцер на мочниот меур.
Новинарот Зоран Василевски, познат како Зоки Фаци, денеска изјави дека е трогнат од пораките со поддршка што ги добил од јавноста откако неговиот пријател Стефан Лазаров објави повик за донации за негово лекување.
Битката за неговото здравје започнала пред околу три години. Зад себе има две операции и повеќе хемотерапии. Сѐ почнало од израсток на ногата, за кој се испоставило дека е агресивен вид канцер, за сега да се бори и со канцер на мочниот меур.
– Трогнат сум од сите пораки, од сите желби за добро здравје, од гестовите на сите оние кои несебично веднаш ми пружија поддршка и донираат за моето лекување. По две децении на шоу биз сцената, како новинар за кого често се кажуваше дека е контроверзен, ова кое денес се случува, мене ми е показател дека луѓето ме сакаат. Благодарен сум на таа љубов која ја добивам, многу ми значи во овие моменти – изјави Зоки Фаци за порталот „Фокус“.
Тој објаснил дека операцијата на мочниот меур треба да се направи што е можно побргу. Размислува за операција или во земјава на приватна клиника или на клиника во Турција, каде правел испитувања.
„НЕ МОЖАМ ДА ГЛЕДАМ КАКО УМИРА“ Лазаров повика да се соберат пари за операција на Зоки Фаци