По 26 тестови позитивни на ковид-19, Серхи Роберто конечно негативен
Но младиот фудбалер на каталонскиот клуб освен со повредата се мачел и со коронавирусот, соопшти клубот на извештај од медицинските лица.
Фудбалерот на Барселона Серхи Роберто по два месеци се појави минатата недела на мечот со Атлетик Билбао откако заздраве од повредата.
Но младиот фудбалер на каталонскиот клуб освен со повредата се мачел и со коронавирусот, соопшти клубот на извештај од медицинските лица.
– Два месеци бев повреден и имав коронавирус. Среќен сум што се вратив на терените, беше тешко против Атлетик Билбао но дојдовме до победата. Гледањето натпревар на ТВ е полошо отколку гледање фудбал од трибините – изјави Роберто.
Во програмата „Онзе“ на каналот Еспорт 3, новинарот Хавиер Кампос кажа дека Серхи се заразил со коронавирусот веднаш по повредата. По првиот позитивен тест Серхи бил испратен во самоизолација и од тогаш бил позитивен и на уште 25 други тестови за ковид-19!
Конечно, по два месеци изолација и домашно лекување Серхи се врати на тренинзи. Конечно доби негативен тест на ковид-19 и доби дозвола за настап.
Фудбалерот во ноември минатата година се повреди на натпреварот против Атлетико Мадрид и сезонава има настап на само 11 натпревари.