ПО 25.000 ДЕНАРИ ЗА ЛЕКАРИТЕ КОИ ЌЕ ПОТВРДАТ ДЕКА ВЕ КАСНАЛО КУЧЕ Се бараат лекари кои ќе одобруваат отштета
„На членовите од редот лиценцирани лекари трауматолози и од редот лиценцирани лекари од областа на психијатријата, им следува надоместок во висина од 25 илјади денари, во нето износ“, соопшти Град Скопје.
Град Скопје повторно објави Јавен повик за избор на надворешни членови и заменици членови на Комисијата за постапување по барања за надоместок на штета на граѓани предизвикана од каснувања од бездомни кучиња на подрачјето на Град Скопје.
Предмет на јавниот повик е избор на надворешни членови и заменици членови на Комисија и тоа еден член и еден заменик член од редот на лиценцирани лекари трауматолози и два члена и два заменици членови од редот на лиценцирани лекари од областа на психијатријата. Рокот за пријавување е до 11 јуни 2022 година.
„На членовите од редот лиценцирани лекари трауматолози и од редот лиценцирани лекари од областа на психијатријата, им следува надоместок во висина од 25 илјади денари, во нето износ“, соопшти Град Скопје.
Јавниот повик е објавен врз основа на Одлуката за утврдување на надоместок на штета предизвикана од каснување на бездомни кучиња („Службен гласник на Град Скопје“ бр. 5/22), како и на член 4 став 4 од Правилникот за начинот и постапката на утврдување и исплата на надоместокот на штета предизвикана од каснување од бездомни кучиња, број 08-5213/1 од 4 мај 2022 година.