ПО 20 ГОДИНИ, ВМРО-ДПМНЕ ПОБЕДУВА ВО СТРУМИЦА Во прв круг победуваме и во најмалку 14 други општини, објави Милошоски
Во и пред штабот на ВМРО-ДПМНЕ вечерва се собираат членови на партијата и веќе е се подготвено за прославување на победата на кандидатите на партијата.
ВМРО – ДПМНЕ во првиот круг од изборите ќе победат и ќе добијат градоначалници во Кисела Вода, Гази Баба, Ѓорче Петров, Аеродром, Охрид, Ресен, Градско, Василево, Радовиш, Штип, во Струмица, Босилово, Ново Село и Вевчани и Прилеп, најави вечерва членот на Извршниот комитет на партијата Антонио Милошоски повикувајќи се на прелиминарни резултати од Аналитичкиот центар на партијата.
Милошоски истакна дека првпат по 20 години ВМРО-ДПМНЕ ќе добие градоначалник во Струмица.
Тој рече дека за Град Скопје очекувањата се дека нивниот кандидат Орце Ѓеорѓиевски ќе има убедлива предност и дека можеби неколку илјади гласови ќе одлучуваат дали тој ќе победи во првиот круг од изборите.
Според аналитичкиот центар на ВМРО-ДПМНЕ во првиот круг избрани се градоначалници во Охрид, Штип, Радовиш, Сопиште, Ресен, Свети Николе, а дека на прагот е огромна победа во Струмица.
Во и пред штабот на ВМРО-ДПМНЕ вечерва се собираат членови на партијата и веќе е се подготвено за прославување на победата на кандидатите на партијата.