ПО 20 ГОДИНИ ГИ НЕМА РОНАЛДО И МЕСИ Објавени имињата на номинираните фудбалери за „Златна топка“
Објавени се вкупно 30 имиња, а оваа година меѓу фаворитите за трофејот се Килијан Мбапе, Ерлинг Холанд, Винисиус Јуниор, Лаутаро Мартинез и Ламин Јамал.
Објавени се номинациите за овогодинешната престижна награда „Златна топка“, каде за прв пат после 2003 година ги нема Лионел Меси и Кристиано Роналдо.
Двајцата се рекордери по бројот на освоени „Златни топки“, но оваа година не се ниту во потесниот избор на кандидати за оваа престижна награда.
Објавени се вкупно 30 имиња, а оваа година меѓу фаворитите за трофејот се Килијан Мбапе, Ерлинг Холанд, Винисиус Јуниор, Лаутаро Мартинез и Ламин Јамал.
Меѓу номинираните се уште: Хари Кејн, Адемола Лукман, Нико Вилијамс, Џуд Белингем, Антонио Рудигер, Алехандро Грималдо, Матс Хумелс, Букајо Сака, Родри, Кол Палмер, Деклан Рајс, Витиња, Вилијам Салиба, Хакан Чалханолу, Дани Олмо, Мартин Одегард, Флоријан Вирц, Дани Карвахал, Тони Крос, Артем Довбик, Гранит Џака, Рубен Дијаз, Федерико Валверде, Фил Фоуден и Емилијано Мартинез.
Чаби Алонсо (Баер Леверкузен) и Карло Анчелоти (Реал Мадрид) се меѓу номинираните за најдобар тренер на годината на магазинот „Франс фудбал“.
Алонсо ги предводеше „аспирините“ до двојна круна (германски куп и титула), додека Анчелоти ги водеше „белите“ до нивниот 15-ти триумф во Лигата на шампионите и првото место во Примера дивизион.
Останатите номинирани се освојувачот на Лигата на Европа во 2024 година, Џанпјеро Гасперини (Аталанта), шампионот на Англија со Манчестер Сити – Пеп Гвардиола, Лионел Скалони кој ја предводеше Аргентина до трофејот на турнирот Копа Америка, како и Луис де ла Фуенте. – Европски шампион со Шпанија.
Пет тима се номинирани за Најдобри во годината во изборот на „Франс фудбал“. Станува збор за екипите на Жирона, Борусија Дортмунд, Реал Мадрид, Манчестер Сити и Баер Леверкузен.
Германски Баер имаше феноменална сезона, прекинувајќи ја доминацијата на Баерн Минхен во Првата Бундеслига и триумфирајќи со шампионската титула за првпат во својата историја. Покрај тоа, под водство на Чаби Алонсо стигнаа и до финалето на Лига Европа, каде загубија од Аталанта.
Жирона настапи многу силно во Ла Лига и до последно беше во конкуренција со Реал Мадрид и Барселона за шампионската титула, но на крајот заврши на третото место во шпанската лига.
Манчестер Сити ја освои титулата во Премиер лигата четврта година по ред.
Реал Мадрид ја освои Лигата на шампионите по невиден 15-ти пат, а триумфираше и со шампионската чест во Ла Лига. „Кралевите“ се најголеми фаворити за наградата.
Борусија Дортмунд се пласираше во финалето на Лигата на шампионите по тешката сезона во домашното првенство.
Победникот ќе биде објавен на церемонијата на доделувањето на „Златната топка“ на 28 октомври.