Според американскиот таблоид „Пејџ сикс“, 32-годишната американска актерка Зои Кравиц деновиве поднела барање за развод од сопругот Карл Глусман по 18 месеци брак.
Веста за разводот по помалку од две години брак за медиумите ја потврди портпаролот на ќерката на музичарот Лени Кравиц и актерката Лиза Бонет.
Со 32-годишниот актер Карл Глусман, Зои Кравиц започна љубовна врска во 2016 година, која беше крунисана во јуни 2019 година со брак на интимна свадбена церемонија организирана во домот во Париз на нејзиниот славен татко, американскиот музичар Лени Кравиц.
Во текот на летните месеци од минатата година, Кравиц ја прослави својата прва годишнина од бракот објавувајќи црно-бела фотографија од себе и од Глусман на својот профил на Инстаграм.
Снимањето на втората сезона на серијалот „High Fidelity“ според истоимениот филм, во кој таа ја имаше главната улога, беше откажано во август лани, но наскоро ќе ја видиме 32-годишната убавица во улогата на жена-мачка, во претстојниот филм на Мет Ривс за суперхеројот Бетмен.
View this post on Instagram
ФОТО: Инстаграм