ПО 156 ГОДИНИ АБОРТУСОТ НЕ Е КРИВИЧНО ДЕЛО Жените во Сан Марино отсега не мораат да се кријат во Италија

Околу 77,28 отсто од гласачите го поддржаа законот за абортус, а 22,78 отсто беа против.

108

Граѓаните на Сан Марино со големо мнозинство гласаа на референдум за легализација на абортусот, со што се смени законот од 1865 година, според кој абортусот е кривично дело.

Околу 77,28 отсто од гласачите го поддржаа законот за абортус, а 22,78 беа против, објави Ројтерс.






На референдумот беше поставено прашањето дали абортусот ќе биде легален во првите 12 недели од бременоста, а исто така и дали ќе се дозволи абортус по 12 недели, ако животот на жената е во опасност или ако нејзиното физичко или ментално здравје е загрозено поради аномалии на фетусот или други телесни деформитети.

И по ова прашање, гласачите гласаа за дозволување абортус по 12-та недела.

Жените во Сан Марино, кои сакаа да абортираат, досега оделе во соседна Италија, која го легализираше абортусот во 1978 година.

Поврзани содржини