По 15 години откриена валкaната тактика на Анџелина Џоли: Вака го „украла“ Бред Пит од Џенифер Анистон
Американската актерка Анџелина Џоли (44) и холивудскиот шмекер Бред Пит (56) повеќе не се заедно, но нивната љубовна приказна продолжува да фасцинира и луѓето никогаш нема да се изморат да ископаат стари приказни од фиоката на нивните сеќавања.
Поранешниот телохранител на Анџелина, Марк Бехар, неодамна открил како изгледала хемијата помеѓу двајцата популарни актери додека го снимале филмот „Г-дин и г-ѓа Смит“ во 2005 година.
Бред сè уште бил оженет во тоа време со холивудската миленичка Џенифер Анистон (51), но тој очигледно не можел да побегне од магијата на Анџелина.
Телохранителот рекол дека тој повеќепати упаднал во нивните приколки на сетот, додека оган меѓу нив се разгорувал и ги наоѓал како се галат и се додворуваат меѓусебно.
Други очевидци од сетот откриле дека Анџелина имала посебна тактика за заведување на Бред.
Анџелина едноставно „заборавала“ да ги облече гаќичките во боја на кожа за време на снимањето на љубовните сцени, а на крајот таа целосно се соблекла и влегла во неговиот кревет. Бред Пит не одолеал на овој потег на Анџелина и се вљубил во неа.
Остатокот е веќе историја која сите ја знаеме.