По 15.200 денари за 11.236 вработени, плус 3 милиони евра за 2.204 компании од угостителството

Владата пресметала дека за нив ќе биде потребно да издвои вкупно 5,77 милиони евра.

284

Вкупно 2.204 компании од угостителската дејност кои беа затворени во периодот од 6 до 27 април ќе добијат финансиска поддршка од владата. Во нив работат 11.236 работници.

Владата пресметала дека за нив ќе биде потребно да издвои вкупно 5,77 милиони евра.






„Вкупната поддршка на сите компании, врз основа на просечниот месечен приход за 2019 и 2020 година, на кој се аплицира износ од 30 проценти помножен со бројот на денови во кои овие компании беа затворени во април оваа година, изнесува околу 3 милиони евра. Дополнително, секоја од компаниите добива и поддршка по 15. 200 денари за секој вработен според ефективните работни часови. Од апликациите е утврдено дека станува збор за 11.236 вработени, односно по овој основ компаниите ќе бидат поддржани со околу 2,78 милиони евра“, информираат од владата.

Според официјалните податоци, овие компании во 2019 година имаат остварен вкупниот промет од 11, 83 милијарди денари, додека во 2020 година прометот изнесувал 8,5 милијарди денари.

Право на државна помош имаа компаниите од угостителската дејност со приоритетни шифри на дејност 56.10, 56.29, 56.30..

На повикот се јавиле вкупно 2.406 компании. 2.204 од апликациите  се целосни, додека 202 апликанти, не се со соодветна шифра на дејност, или имаа регистрирано подружници под една од споменатите шифри.

Поврзани содржини