Фановите на семејството Кардашијан немаат многу причини да слават овие денови – Ким Кардашијан на своите профили на социјалните мрежи објави дека по 14 години емитување на нивното реално шоу „Во чекор со Кардашијанс“ му дојде крајот.
Ким им се заблагодари на обожавателите и на продукцијата за долгогодишната поддршка и истакна дека реалното шоу го сменило нејзиниот живот засекогаш, но дека таа заедно со членовите на нејзиното семејство одлучила да прекине со понатамошното снимање.
Реалното шоу „Во чекор со Кардашијанс“ се сметаше за едно од најпопуларните во Америка.
ФОТО: Инстаграм