ПО 14 ЧАСА КОНЕЧНО НОРМАЛИЗИРАН СООБРАЌАЈОТ СКОПЈЕ-БЛАЦЕ Утрово превртен камион го блокираше движењето во двата правци
Сообраќајот во двата правци беше во застој откако се преврете камион, а 20 тона товар се расфрли низ патот.
Вечерва околу 20 часот, по повеќе од 14 часа застој, конечно нормално функционира сообраќајот на патот Скопје – Граничен премин Блаце.
Сообраќајот во двата правци беше во застој откако се преврете камион, а 20 тона товар се расфрли низ патот.
Тоа, ги принуди возачите да возат низ нерамен ридско планински пат, а стотици камиони од Косово со часови чекаа на границата бидејќи не им беше дозволен влез во државата.