По 137 дена на Интензивна во болницата во Бергамо нема заболени со ковид-19

Во екот на кризата болницата во Бергамо во исто време имаше и до 100 пациенти на респиратори.

223

Одделението за интензивна нега во болницата „Папа Јован XXIII“ во Бергамо, за првпат од почетокот на епидемијата, почната на 23 февруари, нема пациенти со ковид-19, соопшти денеска болницата.

Одделнието за интензивна нега цели 137 дена имало пациенти кои страдале од ковид-19.






Бергамо беше и меѓу италијанските градови и региони што се најпогодени од епидемијата, пренесува „Анса“.

Во екот на кризата болницата во Бергамо во исто време имаше и до 100 пациенти на респиратори.

Поврзани содржини