По 100 години е решена мистеријата за бебето кое загинало на Титаник (ФОТО)

Научниците постојано се обидувале да го откријат идентитетот на детето, па во 2002 година првпат го ексхумирале телото, па заклучиле дека се работи за 13-месечно бебе Еино Вијами Панула. Но, погрешно заклучиле.

731

Мртво бебе било пронајдено неколку дена откако бродот Титаник удрил во сантата мраз во Атлантскиот Океан во 1912 година, а оние кои го откриле телото биле трогнати од сликата и на своја рака организирале погреб и го погребале на гробиштата Фервју во Халифакс, Шкотска.

Сè уште не бил познат идентитетот на момчето, па на неговиот надгробен споменик пишувало: „Издигнат во спомен на непознато дете чии остатоци беа пронајдени по катастрофата на Титаник на 15 април 1912 година“.






Научниците постојано се обидувале да го откријат идентитетот на детето, па во 2002 година првпат го ексхумирале телото, па заклучиле дека се работи за 13-месечно бебе Еино Вијами Панула. Но, погрешно заклучиле.

Пресвртот се случил откако едно канадско семејство се пријавило д адонира пар чевли во Полицискиот музеј, бидејќи, како што тврделе луѓето, чевлите ги зел нивниот дедо Кларенс Нортовер кој бил задолжен за чување на извлечените тела од бродот. Токму овој момент ги вратило научниците на самиот почеток, бидејќи чевлите биле преголеми за 13-месечно бебе. Исто така, откриено било дека чевлите биле изработени во Англија, а тоа ги поттикнало научниците да веруваат дека се работи за британско бебе, а Панула е бебе од Финска.

Научниците сепак на крајот открија дека станува збор за 19-месечниот Сидни Лесли Гудвин, од Англија.  Сидни е роден на 9 септември 1910 година во Мелксам, Вилтшир, Англија. Тој бил најмалото дете родено од Фредерик Џозеф и Аугуста Гудвин. Сидни имал пет постари браќа и сестри – Лилијан, Чарлс, Вилијам, Џеси и Харолд. Семејството всушност требало да патува до Америка со друг брод, но поради штрајк за јаглен, пловењето со тој брод било одложено и семејството било префрлено на Титаник. Од семејството само телото на Сидни е пронајдено.

Поврзани содржини