ПЛОШТАДОТ СЕ СРЕДУВА ИНТЕНЗИВНО Се заменуваат скршени и пропаднати плочки, фонтаните се враќаат во функција

0

Градот Скопје продолжува со интензивни активности за обновување на јавните површини и подобрување на урбаниот амбиент.

– Во фокусот е враќањето на достоинствениот изглед на централното градско подрачје, со посебен акцент на местата што со години беа занемарени и оставени без основно одржување. Со засилен ангажман и координација на сите градски служби, започнати се интервенции со кои се враќа функционалноста, безбедноста и убавината на просторот што секојдневно го користат илјадници граѓани и посетители – соопшти градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.






На плоштадот „Македонија“ се заменуваат скршените и пропаднати плочки, фонтаните што подолго време беа оставени на забот на времето повторно ги враќаме во функција, а пристапните патеки конечно ќе престанат да бидат предизвик и мачнина за граѓаните, вели градоначалникот.

– Скопје мора да биде достоинствен, уреден и убав град, токму таков како што го паметиме и каков што сакаме да го оставиме за идните генерации. Го правиме тоа за нас, но и за сите гости кои секојдневно доаѓаат да го запознаат нашиот главен град – додаде Ѓорѓиевски.

Фото: Град Скопје
Поврзани содржини