Плетењето е јога за мозокот

Рацете се зафатени, главата ослободена од непотребни мисли, свеста е во стабилна состојба на рамнотежа.

255

Котелец по котелец и така до бескрај… Ритмичкото темпо на плетење си го прави своето: за време на оваа интересна работа, се чини како човек да паѓа во транс. Рацете се зафатени, главата ослободена од непотребни мисли, свеста е во стабилна состојба на рамнотежа.

Плетењето е релаксација






Плетењето е мисловна практика на медитација и концентрација, хоби што преокупира милиони жени ширум светот. Неврологијата го признала плетењето за нова јога. Јога за мозокот – звучи многу импресивно.
Во текот на студијата во која учествувале повеќе од 4000 плетачи од целиот свет, се докажало дека со текот на плетењето често се јавува чувството на среќа. Релаксацијата, ослободувањето од стрес и самореализацијата стануваат достапни за луѓето кои се занимаваат со ова хоби.

Дали знаевте дека ако плетете барем 3 пати неделно, нивото на анксиозност и стрес значително се намалуваат? Има неверојатен ефект врз емоционалната сфера. Ја смирува и придонесува за долгоочекуваното чувство на рамнотежа. Исто така, ќе почувствувате позитивни промени во различни области од животот.

Придобивки од плетењето

1. Се подобрува менталната состојба, а со решавањето на психичките проблеми, се зголемуват и духовните ресурси.

2. Вниманието и концентрацијата стануваат постојани придружници.

3. Развојот на фините моторни вештини ви овозможува да работите домашни работи за кои претходно немавте волја.

4. Креативноста се развива и се наградува со неочекувани манифестации на среќа, задоволство и исполнетост.

5. Самопочитта достигнува ново ниво. Чувството на успех за добро завршената работа и довербата во вашите јаки страни, придонесуваат за самодоверба.

6. Лесен начин за развој на трпеливост и упорност. Ништо не ве исфрла од рамнотежа!

7. Меморијата се подобрува и мозокот работи многу побрзо.

Вкупната посветеност што ја дава плетењето не може да се спореди со ништо што го даваат другите видови на хоби. Многу научници веруваат дека плетењето им помага на жените на постара возраст да останат присебни и да го продолжат животот.

Депресијата и вознемиреноста може да се ублажат со помош на плетење, а во тешки времиња ова хоби ќе стане спас од разни нервози и надворешни влијанија.

Фото: Freepik

Поврзани содржини