Пленковиќ: Со 22 милијарди евра европски пари ќе ја спасиме економијата
Вкупниот износ на пакетот за закрепнување е 1.824 милијарди евра, од кои 1.074 милијарди се во рамките на заедничкиот буџет за периодот од 2021 до 2027 година.
Хрватска ќе добие 22 милијарди евра од пакетот на Европската унија, објави утринава хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ.
– Во Хрватска носиме 22 милијарди евра, што е гаранција за брзо закрепнување на економијата и натамошен балансиран развој на земјата, напиша Пленковиќ на Твитер, откако лидерите на ЕУ 27 постигнаа договор за повеќегодишниот заеднички буџет и фондот за закрепнување.
Вкупниот износ на пакетот за закрепнување е 1.824 милијарди евра, од кои 1.074 милијарди се во рамките на заедничкиот буџет за периодот од 2021 до 2027 година.
Фондот за закрепнување на ЕУ изнесува 750 милијарди евра, а се состои од 390 милијарди неповратна помош и 360 милијарди заеми.
Овој фонд ќе биде финансиран со заедничко задолжување на ЕУ на светските пазари на капитал, а рокот за отплата на заемот е крајот на 2058 година. ј