Пленковиќ: Се е јасно, нема потреба од чекање

Во изјава за телевизијата „N1“, Пленковиќ потврди дека веќе разговарал со партнерите со кои ХДЗ соработуваше во владата во заминување.

159

Претседателот на ХДЗ и хрватски премиер, Андреј Пленковиќ, ден по парламентарните избори изјави дека Хрватска нема време да чека и што е можно побрзо треба да се формираат парламентот и новата влада.

Во изјава за телевизијата „N1“, Пленковиќ потврди дека веќе разговарал со партнерите со кои ХДЗ соработуваше во владата во заминување.






– Постои подготвеност да продолжиме со соработката. Тоа беше прелиминарна консултација, тоа не е фиксен договор на парламентарното мнозинство. Имаме 76 загарантирани потписи. Ние прво ќе ги анализираме работите, но работите се јасни – рече Пленковиќ.

Според се уште неофицијалните изборни резултати, ХДЗ освои 66 места во новиот состав на хрватскиот Парламент.

Поврзани содржини