Пленковиќ: Го видов нон пејперот, но Хрватска не го добила
Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ изјавил дека Хрватска ни формално ни неформално не го добила наводниот нон пејпер од словенечкиот премиер Јанез Јанша, но вели го видел на еден портал.
– Го видов затоа што беше објавен на еден словенечки портал и го прочитав – изјавил Пленковиќ.
Тој додал дека ниту еден сегмент од хрватскиот систем, според информациите со кои располага, тој документ од никого го нема добиено, било формално или неформално, пренесува Тањуг.