ПЛАТИТЕ РАСТАТ КАДЕ ШТО НЕДОСТИГААТ РАБОТНИЦИ Просечната нето-плата во јуни се искачи на 36.527 денари

Според Статистика, зголемувањето на нето- платата во јуни се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: „градежништво“ од 19,6 %, „информации и комуникации“ од 17,9 % и во секторот „образование“ од 17,5 %.

1,214

Вкупно 36.527 денари е просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јуни годинава и таа е повисока од таа во ланскиот јуни за 14,6%, покражуваат податоците на  Државниот завод за статистика. Истиот месец просечната бруто плата изнесува 54 720 денари

Според Статистика, зголемувањето на нето платата во јуни се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: „градежништво“ од 19,6 %, „информации и комуникации“ од 17,9 % и во секторот „образование“ од 17,5 %.

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен има и во однос на претходниот месец и тоа во секторите: „трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли“ (6,3 %), „рударство ивадење на камен“ (5,7 %) и  во секторот „објекти за сместување и сервисни дејности со храна“ (3,2 %).

Поврзани содржини