ПЛАТИТЕ ОД СТРАНСТВО ЌЕ ДОАЃААТ ДИРЕКТНО НА ДЕВИЗНИТЕ СМЕТКИ Од октомври плаќањето во евра ќе оди и преку мобилен

Се предвидува приливите од странство со влезот во СЕПА системот да му се ставаат на располагање на платежната сметка на примачот веднаш, а најдоцна следниот работен ден, без приложување документи за причината на приливот кај најголемиот дел од приливите од странство, со исклучок на одредени приливи поврзани со капиталните трансакции за коишто се предвидени законски ограничувања до влезот на земјата во ЕУ.

649

Влезот во СЕПА (Единствената област за плаќања во евра) ќе овозможи побрзи и поевтини плаќања во двете насоки, како за одливи, така и за приливи, вели Игор Величковски, директорот на Секторот за операции на финансиски пазари и платни системи во Народната банка, во одговор на младите кои работат за фирми во странство, а платата ја примаат на својата девизна сметка во земјава.

– Народната банка веќе презема активности за олеснување на извршувањето и на приливните плаќања, вклучувајќи ги и приливите врз основа на доход којшто се остварува во странство. Во таа смисла, се предвидува приливите од странство да му се ставаат на располагање на платежната сметка на примачот веднаш, а најдоцна следниот работен ден, без приложување документи за причината на приливот кај најголемиот дел од приливите од странство, со исклучок на одредени приливи поврзани со капиталните трансакции за коишто се предвидени законски ограничувања до влезот на земјата во ЕУ- вели тој.






Величковски додава дека со влезот во СЕПА преносот на парични средства во евра ќе стане уште поедноставен и побрз, а граѓаните и граѓаните и компаниите тоа ќе можат да го направа и преку мобилните апликации или електронското банкарство.

-За пренос на средствата ќе бидат потребни само неопходните податоци за извршување на плаќањето, како што се називот и бројот на сметката на плаќачот и примачот, износот и основата за плаќањето, со што значително ќе се олесни иницирањето на плаќањата од граѓаните и компаниите во кое било време и место. Плаќањата со кредитни трансфери во евра од која било земја членка ќе се извршуваат за неколку часа во текот на денот, додека инстант плаќањата во евра за помалку од 10 секунди – појаснува Величковски.

Европскиот совет за плаќања на 6 март ја прифати Македонија како 39-та членка на Единствената област за плаќања во евра (СЕПА). Планот е овие побрзи и поевтини плаќања со значително помали провизии, да почне да се реализира од 6 октомври годинава кога нашите банки ќе почнат да даваат услуги за своите клиенти.

Платежни шеми под СЕПА спаѓаат: 1. кредитни трансфери електронски трансфери кои секој ден ги користиме, одливи и приливи; 2. инстант кредитни трансфери, оние што се случуваат веднаш, за 10 секунди, а не како досега преку коресподентно банкарство (плаќањата се до 10 секунди) и 3.директните задолжувања.

Поврзани содржини