ПЛАТИТЕ НА НАСТАВНИЦИТЕ ЗА 4 ГОДИНИ ЌЕ ПОРАСНАТ ЗА 60% Министерката за образование во одговор на пратеничко прашање

Со договорот што Владата го потпша со СОНК се дефинирани покачувањата за секоја од четирите години, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска.

36

Најмалку 60 проценти покачена плата ќе имаат наставниците за четири години. Со договорот што Владата го потпша со СОНК се дефинирани покачувањата за секоја од четирите години, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска на собраниската седница посветена на пратенички прашања.

Пратеничката Драгана Бојковска постави прашање за платите на наставниците упатено до премиерот Христијан Мицкоски, кој одговорот ѝ го препушти на ресорната министерка.






Како што рече таа, во договорот децидно се напишани процентите и оти во првата година просветните работници би добиле 12 проценти покачување, во втората и третата од 7,5 до 10 проценти и последната од 10 до 12 проценти.

– Дражавата и натаму ќе води сметка за наставниците, тие се исклучително важни. Доколку така како што предвидува оваа влада економијата се придвижува нагоре, овие проценти секогаш може да се зголемат, без оглед што ние сме ги потпишале. Ова е минимумот кој тие ќе го добијат. Доколку буџетот дозволува, секогаш може да добијат повеќе од овој минимум, истакна Јаневска.

Министерката посочи дека наставниците имаат и разни додатоци на платата загарантирани со колективниот договор и дека за таа цел се распишани конкурси за унапредување во ментор, за советник, имаат додаток за класен раководител, додаток за работа во рурални средини итн.

– Од доаѓањето на оваа Влада до сега се вложени 700 илјади евра за едукација на наставниците и продолжуваме понатаму со нивно образование и тренинзи на разни теми … Државата води сметка како наставниците да имаат поголеми примања, сега имаат можности на други начини да си ја зголемат платата – истакна министерката.

Поврзани содржини