ПЛАТИЛ ОТКУП ЗА СОПРУГАТА, БАБАТА И ЗА ЌЕРКАТА Полицијата расчистува случај на грабнување во Охрид

На 18.05.2025 во 00.50 часот на булевар Туристичка во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода А.Д.(33) од Охрид, кој се сомничи дека сторил кривично дело „грабнување“ по член 141 од Кривичниот законик, се вели во полицискиот билтен.

433

Охриѓанец му платил откуп на негов сограѓанин за да ги ослободи неговата сопруга, малолетна ќерка и баба, соопшти Министерството за внатрешни работи.

„На 18.05.2025 во 00.50 часот на булевар Туристичка во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода А.Д.(33) од Охрид, кој се сомничи дека сторил кривично дело „грабнување“ по член 141 од Кривичниот законик. Имено, тој претходно е пријавен во СВР Охрид дека при телефонска комуникација со Џ.Д.(36) од Охрид побарал и примил пари за да ги ослободи сопругата, малолетната ќерка и бабата на Џ.Д.“, информира полицијата.






Охридската полиција, по насоки на јавен обвинител, презема мерки за целосно расчистување на настанот, по што против А.Д. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани содржини