ПЛАТИЛ 300.000 МАРКИ НА ЛИХВАРИ ЗА ДА ГО РАСТЕРЕТИ БРАТ МУ Сенките на Чолиќ испливаа по експлозијата на Дедиње

Пред неколку години, поранешниот менаџер на „Забрањено пушење“, Драган Кики Зуровац, јавно тврдеше дека Чолиќ бил во сериозни финансиски проблеми токму поради семејни обврски. Според него, пејачот морал да враќа големи суми во готово за да ги затвори опасните канали со луѓе од подземјето.

1,787

Тврдењата дека Здравко Чолиќ со години носел товар на туѓи долгови повторно излегоа на површина – и тоа во најлош можен момент. Според јавно изнесени сведоштва од неговиот поранешен соработник, пејачот во еден период бил принуден да врати околу 300.000 марки на лихвари, за да го заштити семејството од притисоци и закани поврзани со неговиот брат.

Наводите доаѓаат откако во раните утрински часови беше фрлена бомба во вилата на Чолиќ во елитната белградска населба Дедиње. Според првичните информации, во куќата можела да биде само неговата помлада ќерка Лара. Повредени нема, но пораката е јасна и застрашувачка.






Подоцна, Чолиќ се обрати во медиумите да каже дека е во Загреб каде што работи на песни за албум.

Додека српските медиуми шпекулираат за мотивите и за тоа кој стои зад бомбашкиот напад, испливаа детали за минатото на еден од најпопуларните пејачи на Балканот.

Пред неколку години, поранешниот менаџер на „Забрањено пушење“, Драган Кики Зуровац, јавно тврдеше дека Чолиќ бил во сериозни финансиски проблеми токму поради семејни обврски. Според него, пејачот морал да враќа големи суми во готово за да ги затвори опасните канали со луѓе од подземјето.

Зуровац исто така вели дека „никој од Сараево дури и не се дружел со Чолa“.

– Тој во тоа време имаше 51 година, а последните 10 години го држеше на грб едно момче кое исто така многу го разочарало. Никој од Сараево никогаш не се дружел со Чолиќ, ниту пак тој некогаш живеел таму. Последните 30 години тој пееше за да ја преживее таа ужасна војна, но не можеше. Во 1999 година го вратив на сцената и човекот заработи 350.000 марки. Парите му беа дадени во готово за да ги отплати долговите кон еден човек од Босна и неговиот брат кои во тоа време зеле кредити од лихвар. Подготвив бизнис кој допрва требаше да донесе милиони. Тој сè уште се смета за најбогат пејач, а никогаш немал, никогаш пред тоа не заработил ниту динар – заклучи Зуровац.

Поврзани содржини