ПЛАТИ НЕВЕРОЈАТНО ВИСОКА КАУЦИЈА, НО… Дуров допрва ќе ја чека својата судбина во Франција

Би-Би-Си пишува дека во сопствена истрага открил дека Телеграм, кој има повеќе од 950 милиони регистрирани корисници, постојано одбива да се приклучи на меѓународни програми насочени кон откривање и отстранување на материјали за злоупотреба на деца преку Интернет.

995

Техномилијардерот Павел Дуров не смее да ја напушти Франција и мора да се јавува во полиција двапати неделно откако беше пуштен од притвор со кауција од 5 милиони евра. Контроверзниот 39-годишник, кој е основач на популарната социјална мрежа Телеграм допрва ќе го чека своето судење.

Тој е под истрага во Франција под 12 обвинеија кои вклучуваат и соучесништво во организира криминал со дистрибуција на сексуални слики на деца, овозможување незаконски трансакции од организирани банди и друго.






Би-Би-Си пишува дека во сопствена истрага открил дека Телеграм, кој има повеќе од 950 милиони регистрирани корисници, постојано одбива да се приклучи на меѓународни програми насочени кон откривање и отстранување на материјали за злоупотреба на деца преку Интернет.

Дуров досега не даде јавни коментари за последните случувања. Неговиот адвокат, Дејвид-Оливие Камински, рече дека Телеграм во секој поглед ги почитува европските дигитални регулативи и дека е модериран според истите стандарди како и другите социјални мрежи.

Според адвокатот, било „апсурдно“ да се сугерира дека неговиот клиент може да биде вмешан „во криминални дејствија што не го засегаат ниту директно ниту индиректно“.

И други техномилијардери и сопственици на социјални мрежи беа вознемирени по аспењето на Дуров.

Илон Маск, сопственикот на Икс, го бранеше г-дин Дуров, тврдејќи дека умереноста е „пропаганден збор“ за цензура. Тој побара ослободување на Дуров.

Крис Павловски, основачот на контроверзната апликација за споделување видео наречена Rumble, рече дека избегал од Европа по приведувањето на Дуров.

Во понеделникот вечерта, париските обвинители изјавија дека г-дин Дуров е задржан во притвор како дел од истрагата за сајбер-криминал. Како одговор, Телеграм соопшти дека Дуров нема „ништо да крие“.

Каква е реакцијата на официјална Москв?

Русија рече дека без „сериозна основа на докази“, обвиненијата може да се гледаат како чин на „заплашување“ против голема технолошка компанија за политички цели.

– Со оглед на руското државјанство (на господин Дуров), ние сме подготвени да ја обезбедиме сета потребна помош – изјави во вторникот портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Рускиот опозициски медиум Медуза пишува дека руските власти не се вознемирени од апсењето на техномилијардерот, имајќи на ум дека тој „не сакал да соработува со Федералната служба за безбедност“.

Дуров ја напушти Русија во 2014 година, откако одби да ги исполни барањата на властите за затворање на опозициските групи на неговата платформа ВКонтакте, која ја продаде. Дуров во април рече дека некои влади се обиделе да извршат притисок врз него, но тој смета дека апликацијата треба да остане неутрална платформа, а не „играч во геополитиката“.

 

 

 

 

 

Поврзани содржини