ПЛАТЕТЕ НЕЧИЈА СМЕТКА, КИРИЈА ИЛИ ПОДАРЕТЕ НЕШТО Платформата Ways2Help со новогодишна хуманитарна акција

Ways2help е дигитална платформа која е медијатор помеѓу донаторите и хуманитарните организации и социјално загрозените семејства и нејзината мисија е да им помогне на оние кои имаат потреба од тоа – од средства за операции до покуќнина, плаќање на сметки или работа за еден од членовите на социјално загрозените семејства.

447

Дигиталната платформа Ways2Help ги поврзува добротворните организации и луѓето кои имаат потреба од помош и минатата година, на десеттиот Стартап викенд Скопје кој беше фокусиран на решенија за предизвиците и последиците од ковид 19, го освои првото место.

Замислена е како платформа на која сите организации и донатори ќе можат да им помогнат на социјално загрозените семејства и поединци. Покрај можностите за донирање, платформата нуди и опции за волонтерска работа и редовно плаќање на режиските сметки.






Досега преку платформата биле платени 1500 сметки, што е уплата од над 40 илјади евра.

Во тек е и новогодишна акција во чии рамки платформата Ways2Help во соработка со фирми помагаат на семејства кои имаат потреба од помош стака што ги опремуваат со мебел, покуќнина или електронски апарати, како и со облека и играчки за дечињата. Некаде со помош на фирмите како новогодишен подарок се плаќаат и кирија и сметки за струја.

„За најмалите имаме акција за донирање на играчки и таму веќе собравме над 500 играчки за секое дете. Фирмите и донаторите сакаа да придонесат повеќе па по договор и проценка што му треба на едно семејство се организиравме да се покријат и повеќе работи. Фирмите одбираат семејства според состојбата во која се наоѓаат, гледаме каква потреба имаат и им се покриваат сметките и останатите работи од кои имаат потреба“, вели Моника Ризовска, која е дел од тимот на оваа платформа со благородни цели.

Повеќе за ова прочитајте на порталот „МАЈКА И ДЕТЕ“.

Поврзани содржини
na