ПЛАТЕНИ СМЕ ЗА ДА ТРПИМЕ КРИТИКИ И ДА СЛУШАМЕ СВИРЕЖИ За Пендаровски е логично да се исвиркуваат политичари

Нормално е во една демократска држава граѓаните слободно да го изразуваат своето незадоволство. Реакцијата е логична, нормална во една демократија, истакна претседателот на државата Стево Пендаровски.

3,493

Ние сме платени за да трпиме секаква критика и невтемелена и втемелена од нашите граѓани и мене ми е драго што има и такви реакции, рече претседателот Стево Пендаровски, откако група граѓани денеска го исвиркаа пред црквата Свети Спас каде што се наоѓа гробот на Гоце Делчев.

– Нормално е во една демократска држава граѓаните слободно да го изразуваат своето незадоволство. Реакцијата е логична, нормална во една демократија. За тоа се боревме, бидејќи сакаме да живееме во демократска држава. Ние сме тука и ние сме платени за да трпиме секакви критики и невтемелени и втемелени од нашита граѓани и мене ми е мило што има такви реакции – рече Пендаровски.






Откако беше исвиркан, претседателот Пендаровски прв се поклони на гробот и положи цвеќе пред гробот на револуционерот во дворот на црквата Свети Спас во Скопје, а по него почит оддадоа и членови на Владата, која беше претставена од првиот вицепремиер Артан Груби, министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и од заменик-министерот за информатичко општество, Александар Бајдевски.

Поврзани содржини