Планот им бил да нè поробат…
Не сте слободни, само ги немате оковите. А елитите се добри да кренат роб против роб, да држат во златен кафез, да создадат шаблон како изгледа слободата, шаблон кој дава илузија дека сме слободни.
Родени сте во ропство на социјалниот статус на робовите од родители, родени сте и тешко ако сте долу дека ќе можете да мрднете од дното, никој не ве сака горе, општеството не ве сака да сте понатаму од само прпелкање на дното.
Поробени од индоктринација на школскиот систем, кој во младиот мозок насилно сади семиња на луѓе кои се победници па ја пишуваат историјата. На луѓе кои се на власт (која не сте ја избрале), па можат во младите глави да стават секакви идеи.
Робови сте на парите кои ви ги убиваат соништа, не одбирате да правите тоа што сакате, да сте тоа што сакате, туку е само продажба на сништата за плата и за пари.
Робови и на работата во која давате голем дел од животот, за да имате на крајот ништо освен отплатен кредит за кој се работи цел живот и на крајот пензија доволна за да ве лекува од целиот тој стрес низ годините, ако ја дочекате.
Најголемито ропство е средината, која убива безмилосно, ги мрази подобрите, а се гади од поинаквите. „Што ќе речат другите”, „То не е нормално”… Кој ги ебе другите, животот е еден и не е на другите, туку мој и ваш, а нормалното не значи друго освен да фрлаш камења кон други кои ти внесуваат немир во нормалноста.
Робови на поп културата. Ова се носи летово, некоја носела ваков фустан, однесувај се вака или така, слушај то, прво е на некоја топ листа. Целото наше однесување е продукт на поп културата. Дури и начинот на бунт против неа е шаблонски и е нејзин производ. Ги гледаш од Вог насмеани и слаби, се гледаш во огледало и се мразиш.
Робови и на социјалните мрежи, во недостаток на живот надвор од телефонот.
Робови на споредбата на нашиот живот со туѓите, споредба која ја убива среќата, престанавме да го цениме своето затоа што мислиме дека нешто туѓо е подобро. Престанавме да го цениме нашиот живот, би го замениле за туѓ за кој освен среќни слики не знаеме ништо. Никој не е среќен, само така изгледа од страна дека само ние сме несреќни.
Робови на туѓото мислење, тапкање по рамо, лајк, хахаха, комплимент кој оди во круг од уста до уста, робови да сме прифатени од странци од блиски. Прифатени по цена да се изгубиме себе само да се најдеме во таа комотна прегратка на другите кои го бараат истото.
Робови на материјалното, на парите, на кола, стан, викендица, одмор. Робови на шаблони како треба да се ужива, во кои време од годината треба да сме на плажа, кога на планина.
Робови на традицијата, факултет, свадба, дете, второ… Немој ова! Немој забрането овошје, биди несреќен, само исполни ги нормите да не се секираат оние кои ионака не се секираат.
Робови на комотното, робови кои не сакаат да се ослободат туку само да имаат други робови под нив да ги газат.
Не сте слободни, само ги немате оковите. А елитите се добри да кренат роб против роб, да држат во златен кафез, да создадат шаблон како изгледа слободата, шаблон кој дава илузија дека сме слободни.
(Фејсбук статус на авторот)