ПЛАНИРАНИ СЕ 500 НОВИ ВРАБОТУВАЊА, ЗА НАС „АМФЕНОЛ“ Е СТРАТЕШКИ ПАРТНЕР Владата ги поддржува и домашните и странските компании, вели Мицкоски

Преку програмата ќе ги поддржиме овие нови инвестиции на компанијата, „Амфенол“ тука во Кочани, како што кажа и директорот во иднина планираме и во одредени други градови да се прошири инвестицијата на „Амфенол". Така што за нас компанијата претставува стратешки партнер, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

253

Приходите на фабриката „Амфенол“ во Кочани која отвори нова, втора хала и вработува 200 нови луѓе, годинава треба да изнесуваат околу 200 милиони евра, што е огромен придонес во локалната економија на Кочани, истакна премиерот Христијан Мицкоски на отворањето на халата.

Премиерот откри дека планирани се 500 нови вработувања во две фази, со што сегашните 3.200 ќе станат 3.700 вработени. Тој вели дека Владата сака да испрати порака дека е партнери со бизнис заедницата и со инвеститорите, без разлика дали се тоа домашни или странски.






– Од тоа што разговаравме со директорот, во новите две хали, зборувам за оваа којашто сега ја гледате позади нас, којашто е во фаза на изработка и таа што догодина ќе започне, ќе имаме исклучително висока технологија, којашто одговара на најсовремените технолошки процеси. Така што, јас сум навистина задоволен што можам да кажам дека како Влада поддржуваме директни инвестиции, домашни, странски инвестиции, не само преземајќи го институционалниот ризик, туку и финансиски. Преку програмата ќе ги поддржиме овие нови инвестиции на компанијата, „Амфенол“ тука во Кочани, како што кажа и директорот во иднина планираме и во одредени други градови да се прошири инвестицијата на „Амфенол”. Така што за нас компанијата претставува стратешки партнер – рече премиерот.

Фото: Влада

На настанот беше споменато и дека дополнително олеснување за компаниите ќе биде усогласувањето на царинските ставки, што започна да се имплементира со 50% од 1 јули оваа година. Од 1 јануари, пак, идната година, треба да бидат усогласени и останатите 50%.

– Така што генерално ако ја заокружиме перспективата овде и перспективата во Македонија, тогаш можам да кажам дека не случајни се оние индикатори коишто ги имавме во економијата во првиот квартал оваа година, во третиот и четвртиот квартал минатата година кога веќе имаме три последователни квартали со раст над 3 проценти, што претставува еден од водечките резултати според растот на бруто домашниот производ на државата во Европа. Ова е втор квартал што измина, а којшто треба наскоро да се објават податоците, очекуваме исто така голем раст – објанси премиерот истакнувајќи дека Владата ќе продолжи да креирљ добра бизнис клима и стабилност за да креира нови работни места.

 

Поврзани содржини