ПЛАНИРАНА БЕШЕ НЕУТРАЛНА УКРАИНА КОЈА ГИ ШТИТИ МАЛЦИНСТВАТА Лавров открива зошто СССР ја призна Украина во 1991 година

Една од главните точки за нас беше дека Украина ќе биде неврзана земја и нема да влегува во никакви воени сојузи. Под тие услови ние го поддржуваме територијалниот интегритет на оваа држава, рече Лавров на големо изненадување на присутните.

1,077

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров ги зачуди новинарите во Обединетите Нации одговарајќи на прашањето дали Русија ќе го признае суверенитетот на Украина. Лавров рече дека Декларацијата за независност на Украина со која СССР го призна Киев во 1991 година содржела многу добри работи кои биле и дел од украинскиот устав.

– Една од главните точки за нас беше дека Украина ќе биде неврзана земја и нема да влегува во никакви воени сојузи. Под тие услови ние го поддржуваме територијалниот интегритет на оваа држава – рече Лавров на големо изненадување на присутните.






До 2014 година Руската федерација го признаваше Крим како дел од Украина. Потоа Москва го анектираше полуостровот. Денес, во екот на војната прашањето за тоа кому ќе припадне Крим повторно станува актуелно.

Њузвик коментира дека изјавата на Лавров го потврдува ставот на официјален Кремљ дека Русија ја нападна Украина лани во февруари поради негрижата за руското малцинство во Донбас и поради тоа што влезот на Украина во НАТО би претставувал безбедносна закана за Москва.

Поврзани содржини