ПЛАНИРАМЕ НЕУТРАЛНА ЗОНА 100 КМ ВНАТРЕ ВО РУСИЈА Генерал Буданов открива дали Украинците се вмешани во убиствата на Татарски, Дарја Дугина…
Буданов сепак признава дека гонеле и ликвидирале некои пропагандисти на Кремљ во Украина во изминатите 15 месеци од војнат. Неговите агенти, рече тој, ќе продолжат да ги таргетираат оние Руси кои извршиле воени злосторства против Украина.
Украина ќе треба да воспостави демилитаризирана зона на „невојување“ на околу 100 километри внатре во руската територија, дури и ако Русите сами го соборат Владимир Путин, смета шефот на украинското воено разузнавање, 37-годишниот генерал Кирило Буданов, пишува британски Тајмс.
Според генералот, украинските служби не се обиделе да го убијат лично Путин туку тој е е во „маѓепсан круг“ од своите пропагандисти, но и од москосвската бизнис-елита која сака војната и санцкиите да сопрат.
– (Кремљ) инвестираше толку многу во оваа пропагандна машина што на крајот (машината) почна да влијае на нив.
Лично ќе се погрижам да бидат ликвидирани
Буданов сепак признава дека гонеле и ликвидирале некои пропагандисти на Кремљ во Украина во изминатите 15 месеци од војнат. Неговите агенти, рече тој, ќе продолжат да ги таргетираат оние Руси кои извршиле воени злосторства против Украина.
– Вакви случаи имало и ќе продолжат, ќе добијат заслужена казна, а соодветната казна може да биде само ликвидација и јас ќе ја спроведам – рече тој.
Денисов го следел Татарски два месеци пред инцидентот со бомбата
Вмешани ли се украинските служби во случаите со рускиот воен блогер Вадлен Татарски кој загина во кафуле во Санкт Петерсбург? Бомбата под автомобилот на ќерката на Александар Дугин?
Во случајот со Татарски, руското Министерство за внатрешни работи исто така објави дека е распишана потерница по Јуриј Денисов, украински државјанин за кој тврдат дека два месеци го следел Татарски од стан во близина на неговиот дом. Наведено е дека тој пристигнал од Летонија по инструкции на „украинските специјални служби“.
Но, бистата со бомба на Татарски во кафулето му ја врачи не Денисов, туку 26-годишната Дарја Трепова која беше обвинета за тероризам. Таа беше брзо пронајдена од руските власти откако на снимките се виде како излегува од кафулето пред бомбата да биде активирана.
Мал број Руси соработуваат со украинските служби
За двата дрона пак, кои извршија краток напад врз купола од дворецот Кремљ Буданов тври дека биле извршени „речиси 100 проценти од граѓани на Руската Федерација“ и „поради руската агресија“.
Во одвоено интервју за Исланд, друг канал на Јутјуб, Буданов рече дека има „мал број Руси“ кои работат со неговата украинска воена разузнавачка агенција (ГРУ).
Тие се, како што рече, мотивирани од „патриотски причини“ и „подготвени се да ја променат Русија“, пренесува Тајмс.
Неколку влијателни провоени личности се убиени или ранети од експлозиви поставени на руска територија од февруари минатата година. Во последниот таков случај со бомба под автомобил на 47-годишниот писател Захар Прилепин, руските истражители рекоа дека испрашувајќи го осомничениот Александар Пермјаков откриле дека тој соработувал со Украинците.